Патријарх Иринеј: Решението за МПЦ е единствено преку СПЦ

Барањето на македонската црква од бугарската црква да и биде мајка црква нема никаква канонска ниту историска основа и е доказ за незрелост, изјави српскиот патријарх Иринеј во синоќешното интервју за ТВ Храм. Решението за МПЦ, според него, е единствено преку заедница со СПЦ.
- Не сакам никого да повредам, но факт е дека тоа што сега го направија со барањето БПЦ да им биде мајка црква нема никаква ниту канонска, ниту историска основа и само е доказ за незрелост. Ја покажуваат својата незрелост да го решат своето прашање, губејќи ја од вид состојбата во која се наоѓаат. Проблемите можеа да ги решат само во заедница со Србија која им е искрен пријател, без никакви амбиции, освен историски и фактички, но за жал тоа не го направија. Тие сакаа еден канонски проблем да го решат со пуч. Тоа не е принцип во црквата. Постојат разговори, договори, канонски основи, на што треба да инсистира и да се работи, но тие тоа го избегнуваат и одат од проблем во проблем, истакна поглаварот на СПЦ, пренесува МИА.
Тој вели дека му е жал за народот во Македонија кој, како што наведува, е побожен и честит и заслужува тоа прашање да се реши на најдобар начин. СПЦ, посочува српскиот патријарх, сака проблемот со МПЦ да се надмине и тоа би било направено одамна ако биле прифатени нивните предлози.
- На првата средба во Прохор Пчињски, на која и јас присуствував, им беше кажано да се вратат на она што го добиле и од таа позиција да ги решаваат своите желби. За жал тие тоа не го прифатија. Со договорот од Ниш постигнавме целосна согласност за односите меѓу двете цркви и тоа го архивиравме за да биде прифатено, но тие по една година преку медиумите известија дека не го прифаќаат со што и тој обид остана без резултат, изјави српскиот патријарх Иринеј, коментирајќи ги проблемите во релациите меѓу СПЦ и МПЦ-ОА.
Ново на Сител
-

Трамп: Иран е воено слаб, но „добар“ во ширење лажни информации
-

Почина чичко Драги, човекот кој се грижеше за уличните кучиња од Рекорд
-

Најстудено изутринава во Берово, минус четири степени, највисока температура од четири степени измерена во Скопје
-

Една година по трагедијата во Кочани: Болката не стивнува, животот се дели на „пред и „потоа“
-

Трамп: НАТО се соочува со „многу лоша“ иднина ако не помогне околу Иран
-

91 сообраќаен прекршок во Скопје, одземени мотоцикли, поднесени седум кривични пријави за безобѕирно управување
-

Цената на нафтата достигна речиси 105 долари за барел
-

Зеленски: Путин никогаш не сакал завршување на војната, потребен е поголем притисок врз Москва
