Патријарх Неофит: БПЦ може да сподели Свето миро со МПЦ
Бугарската православна црква ќе ја разгледа можноста да го сподели своето Свето миро со Македонската православна црква, ако тоа биде побарано, изјави денеска бугарскиот патријарх Неофит.
Поглаварот на БПЦ, кој во софискиот храм „Св.Александар Невски“ присуствуваше на преземањето на новоосветеното миро, рече дека БПЦ досега не го споделувала своето миро со други цркви, но ако МПЦ-ОА го побара тоа, прашањето ќе биде разгледано, пренесува Бгнес.
- Подготвувањето на Светото миро означува дека БПЦ е афтокефална, а само афтокефалните цркви имаат право да прават свое миро. Ние се радуваме поради тоа и денеска свечено го одбележуваме, изјави патријархот Неофит.
Годинашната подготовка на Светото миро е осмо во историјата на БПЦ. Според каноните, при подготовката треба учествуваат два свештеника - едниот кој го чита Светото евангелие, а другиот да го меша мирото. Подготовката трае три дена и три ноќи. Откако ќе биде пренесено во Светиот синод каде што се чува, мирото се става во специјални садови и се разнесува по епархиите кои го корситаст при крштевања и осветување нови храмови.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови