Пау Кубарси е „Златно момче“: Дефанзивецот на Барселона прогласен за најдобар млад фудбалер во Европа

Барселона ги има најдобрите млади играчи во Европа, бидејќи по Ламин Јамал (2024), дефанзивецот Пау Кубарси е добитник на наградата „Златно момче“ за 2025 година, која ја доделува „Тутоспорт“ на најдобриот млад играч во Европа.
По гласањето на јавноста, а потоа и на новинарите, табелата е збунувачка, бидејќи најмногу гласови, или поточно највисоката оценка (97,7), има Ламин Јамал. Со оглед на тоа што трофејот „Златно момче“ може да се освои само еднаш во кариерата, второпласираниот Пау Кубарси беше прогласен за најдобар со оценка (95,4).
Втор официјално е Дезире Ду од Пари Сен Жермен (92), трет е Мајлс Луис-Скели од Арсенал (87,5), потоа Ворен Заир-Емери од ПСЖ (87,3), Дин Хујсен од Борнмут, новата аквизиција на Реал Мадрид (85,2), Кенан Јилдиз од Јувентус (84,8)...
Кубарси е петтиот фудбалер на Барселона што ја освои наградата „Златно момче“, воведена во 2003 година. Првиот беше Лионел Меси, а потоа во последните пет години пристигнаа уште четири награди: Педри (2021), Гави (2022), Јамал (2024) и Кубарси (2025). Барселона е клубот со најмногу трофеи (5), а Шпанија е земјата со најмногу најдобри млади играчи (6).
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андреј Жерновски, СДСМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
