Павлопулос и на Обама му го пренел својот став за името на Македонија

Американскиот претседател Барак Обама денеска во Атина беше примен од неговиот грчки колега, Прокопис Павлопулос, кој во своето обраќање кон Обама, истакнал три прашања, меѓу кои и името на Македонија.
Во однос на името на нашата земја, Павлопулос му рекол на Обама дека „фактот што соседната земја инсистира на името претставува иредентизам и значи промена на границите, ја поткопува европската перспектива на земјата“, јавува дописникот на МИА од Атина.
„Катимерини“ јави дека Павлопулос истакнал три прашања во своето обраќање кон Обама.
„Тој повикал на брзо решавање на кипарското прашање со гаранции, потребата да се брани Договорот од Лозана, затоа што доведувањето во прашање на кои било граници е еднакво на ‘сослушување на границите на Европа’, а исто така се осврнал на ‘соседната држава која инсистира на името’ во остар удар кон Скопје во врска со спорот за името меѓу Атина и поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ)“, информира „Катимерини“.
Американскиот претседател, од своја страна, својот одговор го ограничил на пошироки прашања, особено осврнувајќи се на мигрантската криза и потребата за обединет напор за справување со неа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
-

Мицкоски го повика Обвинителството да провери дали СДСМ крева паника со мигрантите
-

Мицкоски: Со „ЗНАМ” во Владата функционираме стабилно
-

Поранешниот правобранител Фехми Стафа е уапсен за земање поткуп од 50.000 евра за да влијае врз судија
-

Конференција на ЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилна Европа
-

Мицкоски: Трезорот не се затвора утре - административците ќе добијат плата и К15
-

Возењето е успорено поради „Сејф сити“
