ПЕЦ: Најмалку 127 новинари во светот починале од Ковид-19
Најмалку 127 новинари од 31 земја починале како последица на вирусот Ковид-19, се наведува во извештајот на меѓународната невладина организација Прес емблем кампањ – ПЕЦ (Press Emblem Campaign).
– Медиумските работници имаат важна улога во борбата против Ковид-19. Тие се оние кои ја информираат јавноста за ширењето на заразата. Многу од овие работници починаа поради недостиг на соодветна заштита додека работеа на терен, рече Блез Лемпен, шеф на ПЕЦ, чие седиште е во Женева.
Од ПЕЦ тврдат дека од 1 март до 31 мај најмалку 127 новинари од 31 земја починале како последица на вирусот, од кои две третини биле активни на терен.
Само во мај беше пријавено дека 72 новинари починале како последица на заразата, пренесува Анадолија.
Најголем број починати новинари од коронавирус има во Латинска Америка, најмалку 62 новинари, додека 23 во Европа, 17 во Азија, 13 во Северна Америка и 12 во Африка.
ПЕЦ наведува дека извештајот е направен врз основа на информации што се достапни преку националните здруженија на новинари, локалните медиуми и соработници.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од урнатиот покрив на ноќен клуб во Санто Доминго се искачи на 225
-
Де Бруин се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата по Манчестер Сити
-
Трамп ги иззема телефоните и компјутерите од високите царини за Кина
-
Истрагата за „Пулс“ се проширува со нови 19 лица, осомничени се за „тешки дела против општата сигурност“
-
Почина Проф. Др. Александар Ношпал
-
Додик во Белград и покрај потерницата, ќе учествува на митинг за поддршка на Вучиќ
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да избегне одговорност со евтини обиди за етничка манипулација
-
Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година