Пецас: Во Европа преовладува мислењето земјите од регионот да бидат заедно на европскиот пат

Ние ја поддржуваме европската перспектива на Западен Балкан, а во овој момент се чини дека во Европа преовладува мислењето кое како основен предуслов поставува овие земји да бидат заедно на нивниот европски пат, рече портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на тоа каква е позицијата Грција за европската перспектива на Северна Македонија, по средбата Заев-Мицотакис во Њујорк и во пресрет на Самитот на ЕУ.
– Ние сме за европската перспектива на Западен Балкан во целина, затоа премиерот имаше средби со премиерите и лидерите на државите и владите на доста од овие земји за време на неговиот престој во Њујорк. Но, едно прашање што треба да се разгледа е со кој ритам и дали сите овие земји ќе одат напред заедно. Се чини дека во овој момент во Европа преовладува едно мислење кое како основен предуслов поставува земјите од Западен Балкан да бидат заедно на нивниот европски пат. Останува ова да го видиме, да добие конкретне облик на 17 и 18 октомври. Тоа е прашање за кое ќе разговараат лидерите и тогаш ќе можам да ви кажам повеќе, рече Пецас.
За тоа дали на минатонеделната средба во Њујорк на премиерите на двете земји, станало збор и за евентуална посета на Кирјакос Мицотакис на Скопје или на Зоран Заев на Атина, Пецас рече дека е рано да се говори за такво нешто.
– Во однос на посетите, се уште е рано да се каже такво нешто, иако знаете дека господинот Заев често ги посетува Солун и Халкидики, кусо одговори портпаролот на грчката влада на прашањето на дописничката на МИА од Атина.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
