Пелистер поразен од Олимпијакос на турнирот „Боро Чурлевски“
Официјално вчера стартуваше првиот меморијален и интернационален турнир во ракомет "Боро Чурлевски". Турнирот го отворија шампионот на Финска - Р. Кокс со македонскиот учесник екипата на Бутел од Скопје , победата и првите бодови ги запишаа финците со резултат 28:22. Потоа следуваше официјалното отварање на турнирот од страна на претседателот на РК Пелистер , Васко Ковачевски заедно со градоначакничката на градот г-ѓа Наташа Петровска . Со повлекување на дресот со број 4 кој како успомен ќе стои изложен во сега екс салата "Младост" а по ново "Боро Чурлевски" исто така во негова чест со пропратната официјална церемонија на отварање се означи старт на вториот натпревар на кој нашиот Пелистер се спротивстави на грчкиот шампион Олимпијакос од кој по рамноправна борба во последните мигови од мечот загуби со 27:31 . Денес во вториот натпреварувачки ден на распоредот се два натпревари првиот е со почеток од 17:30 се сретнуваат : Селка со Кокс додека Пелистер го има резервирано вечерниот термин од 19:30 против францускиот претставник Шербург .
Ново на Сител
-
За брзо возење казнети 553 возачи
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска