Фудбал
29. May 2016 - 19:27

Пелистер прволигаш, Турново испадна!

Битолски Пелистер со победа од 1-0 против Хоризонт Турново го избори пласманот во прволигашката конкуренција откако и на првата средба славеше со 2-1. Дејан Цветановски беше стрелец на единствениот погодок во средината на вториот дел.
Покрај екипата на Пелистер од наредната сезона во Првата лига ќе играат Победа и Македонија ЃП. Хоризонт Турново, пак, заминува во второлигашката конкуренција заедно со Младост Царев Двор и Металург.