Пендаровски го честита празникот Успение на Пресвета Богородица
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед во државава.
- Дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица. Чествувајќи го еден од најблагородните и највозвишените празници, Успение на Пресвета Богородица, преку кој се испраќаат суштински пораки од искона па сѐ до нашето совремие, важно е да се потсетиме дека Пресвета Богородица, Божјата мајка е парадигма за сето она по кое што безмерно трага современиот човек: сострадалност, грижа, храброст, стоичност, емпатија, љубов, наведува Пендаровски во честитката.
Овој голем празник, посочува претседателот, исто така ни покажува и дека секое искушение треба да го понесеме заеднички и поединечно во смирение.
- Честитајќи го празникот Успение на Пресвета Богородица посакувам да се потсетиме дека само со љубов и храброст какви што ги гледаме во ликот на Божјата мајка, може да чекориме низ животот. За многу години празникот, истакнува претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-
Зверев: Очигледно не сум доволно добар за да освојам Гренд слем трофеј
-
Синер го одбрани трофејот на Австралија Опен
-
Обемен струк значи поголема опасност од рак
-
„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси С25“, „С25+“ и „С25 ултра“ паметни телефони
-
70 годишен кумановец натепал помлад сограѓанин пред казино
-
Собраниска делегација на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
-
На вчерашните протести во Солун и Атина приведени вкупно 35 лица
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателот на Собранието на Црна Гора