Пендаровски и Радев на средба пред заедничкото заминување во Рим
Претседателот Стево Пендаровски и неговиот бугарски колега Румен Радев оддржуваат кратка средба на скопскиот аеродром од каде што заеднички ќе патуваат за Рим за чествување на светите Кирил и Методиј.
На состанокот во Скопје се очекува да се отворат прашањата за надминување на спорот меѓу двете држави. Имено Радев во Скопје допатува од Брисел каде два дена имаше средби со европските авторитети токму на оваа тема.
Тој вчера по бриселските состаноци изјави дека очекувањњата на ЕУ се свртени кон Бугарија но и дека треба Македонското политичко раководство да се мотивира за дијалог. Зачестената комуникација меѓу македонската и бугарската страна доаѓа по предлогот на португалското претседателство да се надминат разликите во делот на заедничката историја согласно Договорот за добрососедство.
Пораките од ЕУ се дека напредок треба да се направи до 22 јуни кога се одржува самитот на кој ќе се носи конечната одлука дали Македонија ќе ги почне преговорите со унијата.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Мицкоски: Наместо европеизација на Балканот се случи балканизација на Европа
-
Двајца кавадарчани нападнале полицаец во угостителски објект, подоцна пресметката продолжила во болница
-
Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја потресе Света Гора
-
Му се заканиле со нож, му одзеле 3000 денари, па го удриле неколку пати и избегале
-
Добротворна акција во КСОМ за помош на ранливите групи
-
Осум осомничени за престрелката во Чаир, полицијата се уште трага по три лица
-
Анчелоти ќе го финализира договорот доколку Реал Мадрид ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите
-
27-годишен излета со мотоцикл на патот кон Табановце, тешко е повреден