Пендаровски издаде наредба за подготовка на контингент војници и средства за помош на Словенија
Претседателот Стево Пендаровски како врховен командант на вооружените сили на Армијата на Република Северна Македонија издаде наредба до началникот на Генералштабот на Армијата да се преземат мерки за подготовка на контингент војници и материјално-технички средства коишто најскоро би биле упатени во Република Словенија за помош во справувањето со последиците од катастрофалните поплави кои ја погодија целата земја.
Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски претходно во разговор со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар изрази жалење и сочувство до Словенија и сите нејзини жители за загубите и штетите претрпени во поплавите кои беа со огромен размер и искажа подготвеност за помош.
-Словенија е голем пријател на Северна Македонија, дом на многу наши сограѓани, наш сојузник во НАТО, држава со која соработуваме во повеќе процеси и иницијативи, а целиме да имаме и заедничка иднина во рамки на ЕУ. Македонското општество се сеќава на помошта која Словенија ни ја дала во минатото при справување со природни непогоди и ние сме подготвени да помогнеме согласно искажаните потреби од словенечката страна во рамки на нашите можности, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
-
Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД