Пендаровски очекува одлука за преговори, можно е извесно техничко поместување на термините
Претседателот Стево Пендаровски очекува земјите членки на ЕУ да дадат согласност и земјава да добие датум за почеток на преговорите за членство
Во однос на тоа дали ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ во јуни, Пендаровски вели дека постои една временска рамка која можеби германскиот Бундестаг нема да може да ја исполни за да даде согласност до 21 јуни, како битна земја членка за почнување на преговорите.
Тој потенцира дека станува збор за извесно техничко поместување на термините. Ако не биде решено до 21-ви јуни, смета дека можеби ќе биде решено почетокот на јули.
– Не е јасно само дали ќе стигнат да дадат согласност. Инаку, политичката согласност на сите клучни и на сите останати држави на ЕУ за почнување на преговорите во 2019 година е тука. До овој момент ниту една европска држава нема кажано дека Македонија не заслужува да добие датум за преговори. Ниту едена европска држава, ниту еден европски државник досега нема речено дека Македонија не испорачала тоа што и беше домашна задача од минатиот Софиски самит на ЕУ, изјави Пендаровски по денешните средби во МО, додавајќи дека средбите на нјависоките политички авторитети на ЕУ се од 17 до 21 јуни.
Според претседателот Пендаровски, ниту една европска држава не вели дека треба да се одложува почетокот на преговорите со ЕУ, во 2020 или 2021 година.
Ново на Сител
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми