Пендаровски: Применуваниот концепт дава резултати и спречува геометриска прогресија, порадикални мерки само ако постои таква проценка
Ова е најсериозниот предизвик не само за нас, туку и за светот по Втората светска војна, затоа што пандемијата одамна излезе од здравствениот сектор и почна да ја притиска глобалната економија. Глобални зарази имало и порано, но тие никогаш не ги погодиле и најсиромашните и најбогатите земји на светот во исто време, така што, практично, немате дел од планетата од каде што може да побарате помош. Отежнувачка околност е што лек за болеста нема, а дури и најоптимистичките сценарија за пронаоѓање и примена на вакцина шпекулираат со крајот на годината.
Ова го оценува претседателот Стево Пендаровски во интервју за Фактор, додавајќи дека фразата дека ние сме дел од светот овојпат е потполно точна и во географска и во суштинска смисла, а, нашата единствена шанса да ја пребродиме кризата е само во сојуз со останатите, особено со земјите – членки на НАТО и Европската Унија.
Претседателот истакнува дека евентуално воведување порадикални мерки ќе се случи само ако постои таква проценка од надлежните органи, според кои, како што вели, досега применуваниот концепт дава резултати и спречува геометриска прогресија.
-Прогресијата во бројот на инфицирани и починати се случува практично секаде во светот, дури и во Вухан се зборува за втор бран. Но, споредбено со регионот и со европските земји, ние сме далеку од најзагрозената група на држави. Како што беше констатирано и на последниот Совет за безбедност, во однос на рестриктивните мерки ние бевме меѓу првите во Европа кои во тој дел реагираа на време и со воведување на вонредната состојба и со полицискиот час. Евентуалното воведување на порадикални мерки ќе се случи само ако постои таква проценка од надлежните органи, според кои, досега применуваниот концепт дава резултати и спречува геометриска прогресија, истакнува претседателот.
За тоа кој е капацитетот за преговори за членство, вели дека веќе неколку пати во јавноста тоа го кажувал, и стои зад тој став дека сме најподготвениот кандидат во историјата на ЕУ, ако се споредуваат сите земји – кандидати од 1990-тите до денес, во моментот кога го стекнувале тој статус.
-Нашите преговарачки тимови беа подготвени уште во 2005-та, а поддршката од граѓаните била секогаш огромна, вели претседателот.
Ново на Сител
-
Талибанците ќе испратат делегација на претстојниот состанок во Доха за Авганистан
-
66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Илинден
-
Курбан Бајрам одбележуваат припадниците на муслиманската вероисповед
-
Во Владата истакнат премиерски портрет на Џафери
-
Објавени правилата на дебатата меѓу Бајден и Трамп, која ќе се одржи на 27 јуни
-
Фидан: Мировниот предлог на Путин е трошка надеж
-
Голем шумски пожар северно од Лос Анџелес, издадена наредба за евакуација
-
Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам