Пендаровски: Во недела се гласа за иднината на Македонија

Стево Пендаровски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ1 побара граѓаните во недела на изборите да излезат во што поголем број и да гласаат по сопствено убедување.
- Во недела, на 11 декември ќе ги имаме веројатно најважните избори во историјата на Република Македонија. На тие избори буквално ќе се решава за судбината и иднината на сите нас и на нашата држава Република Македонија. Слободно излезете во што е можно поголем број, гласајте по сопствената свест и совест, рече Пендаровски.
Додаде дека на таков начин граѓаните ќе гласаат за себе, за сегашноста, но и за иднината на Република Македонија.
- Најдобар начин да го направите тоа е да го заокружите борјот 4 во сите шест изборни единици со што се отвараат нови перспективи за Македонија, вртиме нова страница во македонската историја и почнуваме да одиме по патот по кој одевме пред 10 години, а тоа е насоката кон модерните, современи, просперитетни, европски држави и нации, истакна Пендаровски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
