Пенс: САД се подготвени за преговори со Северна Кореја

САД се подготвени да преговарат со Северна Кореја, изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс во интервју за „Вашингтон Пост“.
Во интервјуто, дадено за време на неговото враќање кон Вашингтон од Јужна Кореја, каде присуствуваше на церемонијата на свеченото отворање на Зимиските олимписки игри, Пенс нагласува дека САД нема да се откажат од санкциите кон Пјонгјанг, но оти сепак се подготевни да преговараат со него.
- Максималниот притисок ќе продолжи и ќе се засилува, но ако може да преговараме, ќе преговараме, вели Пенс.
Ваквата изјава на Пенс претставува промена на политиката на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој досега ги условуваше преговирте со „реални отстапки“ од страна на Севрена Кореја во врска со нејзините ракетна и нуклеарна програма.
Пенс нагласи дека оваа нова позиција на Вашингтон е усогласена со јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин, која ја разгледува поканата да ја посети Северна Кореја, по што се можни официјани преговори меѓу Сеул и Пјонгјанг.
Ново на Сител
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
-

Апсења и претреси во Скопје: Лажирале извештаи и уплатници за регистрација на возила, штетата 13 милиони денари
-

Александар Вучиќ покренува подкаст
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
