Пентагон ќе исплати отштета поради напад врз болницата во Кундуз
Пентагон ќе им исплати отштета на жртвите од минатонеделниот „погрешен“ напад врз болницата на Лекари без граници во Кундуз, северен Авганистан, при што загинаа 22 медицинскии персонал и пациенти.
- Американското Министерство за одбрана смета дека е важно да се посвети на последиците од трагичниот инцидент во болницата на Лекари без граници во Кундуз, Авганистан, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук.
Тој додаде дека САД исто така ќе ја обноват разурнатата хуманитарна болница.
- Исплатата на семејствата на загинатите и на повредените во „погрешниот“ напад на американските воени авиони и обновата на болницата ќе го извршат америкаско-авганистанските сили (УСФОР), а доколку биде потребно американската администрација ќе побара дополнителни средства од Конгресот, посочи Кук.
Американскиот претседател Барак Обама во средата и се извини на меѓународната организација Лекари без граници поради бомбардирање на нивната болница, но меѓународната организација врши притисок меѓународна комисија да го истражи инцидентот, што го оценија како воено злосторство.
Ново на Сител
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче - Во судница се презентираат снимки
-
Обвинителството води предистрага за Груби и Беџети
-
Левица бара ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Преглед на вестите од светот