Пентагон потврди дека САД испраќа касетна муниција во Украина
Пентагон денеска најави нов пакет воена помош за Украина во вредност од 800 милиони долари, кој меѓу другото ќе вклучува и касетна муниција. Белата куќа одржа прес-конференција за испраќањето касетна муниција во Украина пред соопштението на Пентагон.
Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан изјави дека Русија користи такво оружје од почетокот на војната.
– Русија користи касетна муниција од почетокот на оваа војна. Украина бара касетни бомби за да се одбрани од руската агресија. Во основа, ние сфаќаме дека таквото оружје е ризик, но тоа важи и ако Русите заземат поголема територија, тој рече.
– Постои голема разлика помеѓу типот на касетна муниција што ја користи Русија и видот што САД би го испратиле во Украина. Русија веќе расфрлила десетици милиони од ова оружје на украинска територија. Мораме да се запрашаме – Дали украинската употреба на касетната муниција во истата област претставува дополнителна закана за цивилите, со оглед на тоа дека таа територија сепак ќе мора да биде деминирана, рече тој.
Саливан додаде дека американскиот претседател Џо Бајден го одобрил испраќањето на оружјето во Украина по едногласна препорака од неговиот тим за национална безбедност.
– Тоа беше тешка одлука, рече Саливан.
Касетната бомба е оружје што се распрскува во воздух и испушта повеќе помали „бомби“ на широк простор. Тие можат да се користат во форма на воздушна бомба, артилериска ракета или боева глава за крстаречка ракета. Бомбите се дизајнирани да се активираат при удар со земја и многу е веројатно некој во областа да биде убиен или сериозно повреден.
Ново на Сител
-

Саем за туризам во Крушево - Адреналински парк, спа центри, мали локални винарии, разни специјалитети
-

Тема на денот со Бујар Османи, потпретседател на ДУИ
-

Ново поскапување на горивата од понеделник, Собранието ќе гласа за продолжување на кризната состојба
-

Нови субвенции за жителите на Карбинци
-

Одлична атмосфера на првиот ден од Пиво фест во Прилеп, вкусна скара, ладно пиво и музика за сите вкусови
-

Кој ќе одговара за здравствената криза во Гостивар?
-

Мицкоски за извештајот за владеење на правото: Ќе критикувам додека не видам резултати
-

Aвтопатот Охрид - Кичево готов најдоцна следната година
