Живот
31. August 2017 - 9:27

Перниче за ладење за чистачите во Дубаи

Чистачите на улици во Дубаи околу врат ќе носат „перниче за ладење", за да избегнат топлотен удар во градот каде температурите на воздухот достигнуваат и до 45 степени Целзиусови.

За 4.000 хигиеничари веќе се обезбедени портокалови перничиња со гел за ладење, налик ладните облоги што се користат за повреди. 

- Ваков вид материјал го лади и штити телото од високи температури, така што работниците нема да бидат изложени на топлотниот удар, изјави претставник на локалните власти.

Според некои предвидувања, поради климатските промени, подрачјето на Персискиот Залив до 2100 година ќе биде еден од најтоплите региони.