Пешевски: Стандардите се важни за конкурентноста на компаниите

Македонија досега има усвоено над 27.000 стандарди и стандардизациски документи со чија примена македонските компании, особено оние кои се посветени на меѓународната трговија, стануваат поконкурентни како на домашните, така и на меѓународните пазари.
Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на отворањето на 12. Годишно собрание на Европското тело за стандардизација и Европското тело за електротехничка стандардизација, чиј домаќин од вчера е Македонија.
На овогодинешното собрание што ќе трае и денеска и утре присуствуваат над 250 претставници од 70 држави. Истовремено се одржува и Саем за индустрија и образование, на кој претставниците од странство ќе имаат можност да се запознаат со стандардиите кои ги применуваат македонските компании и високо образовните институции.
Со примената на стандардите, како што потенцира Пешевски, се добива на производи со повисок степен на додадена вредност кои придонесуваат за зголемување на извозот, а со тоа и на економскиот раст на земјата.
Според Пешевски, Република Македонија со организацијата на овој настан докажува дека е рамноправен член со останатите земји членки на европските тела за стандардизација и докажува оти земјата и во оваа област останува посветена на својот пат кон рамноправно членство во Европската Унија.
Како што истакна директорот на Институтот за стандардизација на РМ Љупчо Давчев, Македонија е полноправен член на европските тела, со уште 28 земји членки на ЕУ, три земји членки на ЕФТА и Турција. Направени се навистина големи чекори кога е во прашање донесувањето стандарди и стандардизациски документи, посочи Давчев.
Ново на Сител
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во посета на Македонија
-

Пред пратениците предлог-законот за задолжување со заем од 260 милиони евра
-

Сончево и топло со температура до 32 степенa, попладне можен краткотраен дожд
-

Инспекциските служби на Општината и МВР излегле на терен во градилиштето во Центар - локацијата обезбедена, инвеститорот казнет
-

Генералниот директор на СЗО изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор
-

Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе
-

Руското МНР ги предупреди странците да го напуштат Киев и најави серија напади врз конкретни објекти во градот
-

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија
