Песков: Лажни се наводите на американските разузнавачи дека Русија се меша во кампањата во САД
Кремљ денеска соопшти дека се лажни и параноични наводите на американските разузнавачки служби дека Русија се меша во американската предизборна кампања во 2020 година и дека се обидува да ги зголеми шансите за реизбор на Доналд Трамп, за што вчера пишуваше весникот „Њујорк тајмс“ .
-Ова се повеќе параноични најави кои, на наша жал, рапидно ќе се зголемуваат како ќе се приближуваат американските избори, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесен од британските медиуми.
-Тие немаат никаква врска со вистината, истакна Песков.
Американски разузнавачки претставници минатата недела пред конгресмени на седница на Одборот за разузнавање кажале дека Русија се меша во изборната кампања во 2020 година со цел да се фрли сомнеж врз интегритетот на гласањето и да му се даде поддршка на повторниот избор на актуелниот претседател Доналд Трамп, изјави денеска извор запознат со случајот.
Изворот, кој говорел под услов да остане анонимен, пред се, заради чувствителноста на прашањето, навел дека репубиканците во Одборот за разузнавање во Претставничкиот дом, што е под контрола на демократите, ја довеле под прашање проценката на официјалните претставници на Канцеларијата на Националната разузнавачка служба.
Целата приказна за овој случај вчера во јавноста ја изнесе весникот “Њујорк тајмс“, повикувајќи се на пет различни извори.
Ново на Сител
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка