Песков: Обвиненијата за вмешаност на Русија во изборите во САД се неосновани

Обвиненијата на американското Федерално истражно биро (ФБИ) против 13 физички и 3 правни лица од Русија за мешање во претседателските избори во САД во 2016 година, не се базираат на никакви докази дека руската држава е замешана во таква активност, оцени денеска Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на денешната прес-конференција изјави дека обвиненијата за државна вмешаност се неоправдани и неосновани. Тој истакна дека „Русија не се мешала, нема навика ниту да се меша во внатрешните работи на други држави и не го прави тоа ниту сега“.
- Прво, како и претходно, не видовме никакви суштински докази, дека некој се мешал во внатрешните работи на САД. Второ, станува збор за граѓани на Русија, но ние не слушнавме од Вашингтон обвиненија за учество на руската држава, Кремљ и руската влада. Нема и не може да има никакви индикации, дека руската држава можела да биде вклучена во тоа, заклучи портпаролот.
Според обвиненијата на ФБИ, подготвени од тимот на специјалниот обвинител Роберт Мјулер, една руска пропагандна компанија раководела со криминален и шпионски заговор за мешање во предизборната кампања во 2016 година со цел поддршка за Доналд Трамп и дискредитирање на Хилари Клинтон.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
