-->
-->
Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-->

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека мировните преговори помеѓу Русија и Украина во моментот се на пауза.
Тој додаде дека не се презентирани нови идеи, а „Киев е целосно свесен“ за барањата на Русија.
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Кирил Буданов, вчера изјави дека „не исклучува продолжување на преговорите со Русија во септември.
САД долго време вршат притисок врз Москва и Киев да постигнат мировен договор. Сепак, посетите на завојуваните страни од страна на американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои беа очекувани во август, не се случија
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
