-->
-->
Песков: Точна e информацијата за загинувањето на 600 украински војници во Краматорск
-->
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека точни се информациите на Москва за 600 украински војници загинати во нападот на градот Краматорск, и покрај информациите на западни агенции според кои нападите ги промашиле своите цели.
„Кремљ е апсолутно убеден во точноста на овие информации и ќе Ве потсетам на зборовите на претседателот Владимир Путин дека главен извор на информациите е Министерството за одбрана”, рече Песков.
Претходно агенциите соопштија дека руските ракети ги промашиле предвидените цели во градот Краматорск и оти нема очигледни знаци на штета, независно тврдењата на Москва дека во нападите загинале 600 украински војници.
Песков ги отфрли наводите на Киев дека заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Русија, Дмитриј Козак, неофицијално разговарал со европски претставници за мир со Украина.
„Тоа е уште една лажна вест”, рече Песков.
Коментирајќи ги новите испораки оружје од западните земји, Песков оцени дека тоа „само ќе ги продлабочи страдањата на украинскиот народ” и нема да го промени исходот од конфликтот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да постапи по обвинувањата на пратеникот Венко Филипче кон Славјанка Петровска
-

МВР: За осум месеци блису 390 000 казни од „Безбеден град“
-

Реконструкцијата на охридската гимназија ќе продолжи следната година
-

„Текстилијада“ во Штип, десет години глас за работниците
-

Лидерот на СДСМ упати остри обвинувања за изолација и навреди кон премиерот
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
