Пет членови на претседателството го напуштија ДУИ, партијата жали за нивната одлука
Централното претседателство на ДУИ изразува длабоко жалење за одлуката на петтемина членови на претседателството на партијата за самоотстранување од Централното претседателство на ДУИ, одлука што ја донеле на состанокот на Централниот комитет на 1 април годинава, се вели во соопштението од Мала Речица.
Централното претседателство, како што се наведува во денешното партиско соопштение, ја официјализира одлуката за претсоен изборен процес во ограноците на ДУИ што ќе се одржи на 2 јули.
-Овие избори во ограноците на ДУИ, кои ќе се одржат по принципот „еден член“ еден глас, ќе послужат како платформа за колективно одлучување и дополнително ќе ги зајакнат демократските вредности што ја карактеризираат нашата партија. Демократската унија за интеграција продолжува да работи за напредок, единство и непоколеблива посветеност на принципите кои не водеа во текот на досегашното патување, се вели во соопштението.
Од ДУИ посочуваат дека Централното претседателство констатирајќи врз основа на веродостојни анализи и информации дека во нашиот регион се создава нова динамика како единствена можност за забрзан пат за интеграција на земјата во Европската унија, ја нагласува неопходноста од исполнување на нашите обврски како држава, преку уставни измени кои, како што наведуваат во соопштението „ќе ни овозможат да го доловиме овој историски момент и да обезбедиме европска иднина на нашата земја“.
-Силно веруваме дека искористувајќи ги сегашните можности, ќе продолжиме да ја водиме нашата земја, заедно со коалициските партнери, кон европската интеграција за да обезбедиме посветла иднина, стабилност, благосостојба и просперитет за сите граѓани, велат од Демократската унија за интеграција.
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Словачка се пласира во четвртфиналето, Шведска заврши трета во групата
-

Средба Мицкоски-Зеленски: Само праведен мир носи стабилност и сигурна иднина за Европа
-

Мицкоски од 62-та Минхенска безбедносна конференција: Пораки за партнерство и поддршка за евроинтеграциите
-

УЈП: Се приближува рокот за поднесување пресметки за доход остварен од работа во странство во 2025 година
-

Уапсени две лица во Скопје поради прикривање на регистарските ознаки
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
