Пет кози умреле по напад на бездомни кучиња во гостиварско Чајле
Пет кози умреле од повреди откако бездомни кучиња во трлото на фармата на Синан Елези во селото Чајле Гостиварско.
Според првични сознанија, нападот се случил рано утрово, кога еден од соседите забележал куче во трлото и го повикал сопственикот.
– Рано утрово соседите ни јавија да дојдеме на фармата на која чуваме седумдесет кози. Еден од нив видел како куче се шета во трлото и му станало сомнително. Кога дојдовме, забележав дека неколку кози имаат рани, а неколку лежеа неподвижни. Повикавме ветеринар и тој ни потврди дека се искасани од кучиња, изјави за МИА Елези.
Тој нагласи дека и претходно имало слични напади, но не биле со вакви последици и толкава штета. Откако ќе биде направен целосен увид, ќе се утврди и штетата која според првичните процени на сопственикот надминува 30 илјади денари.
Пред неполни три месеци, штети од напад на бездомни кучиња имаше и во стадо на сточар од селото Здуње. Тамошните жители и Синан, сточарот од Чајле посочија на опасноста која демнее, бидејќи како што рекоа, ваквата агресивност на кучињата може да доведе до трагичен исход, доколку нападнат деца.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?