Пет кривични пријави против поранешни градоначалници

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставила пет кривични пријави против поранешни градоначалници.
- Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција прими пет кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице, соопшти денеска Обвинителството.
Кривичните пријави, како што информираат, се поднесени поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од член 275-в од Кривичниот законик.
Од Обвинителството посочуваат дека кривичните пријави се проучуваат за донесување понатамошна јавно обвинителска одлука.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
