Пет куќи изгореа - Детали за пожарот во Струга
Пет куќи изгореа во пожар што денеска напладне избувна во центарот на Струга позади хотел „Београд“. Пожарот е локализиран, но се уште екипи се на теренот, а местото е обезбедено.
Во гаснењето учествуваше цела екипа на Територијалната пожарна единица во Струга екипи од Охрид, Јавното комунално претпријатие „Проаква“ од Струга и граѓани.
Гаснењето на пожарот одеше отежнато поради тесните улички, избиената архитектура.
Според командирот на Противпожарната единица во Струга, Минир Мамуди три куќи изгорени се целосно три куќи, а две се опожарени.
- Целосно изгореа три стари куќи во кои никој не живее, а две се опожарени. За среќа нема повредени, изјави Мамуди.
Граѓани очевидци изјавуваат дека се запалика некоја од старите куќи па пожарот се проширил на уште три четири други. Посочуваат дека проблем во гаснењето е ограничениот пристап затоа што многу несовесни граѓани ги паркираат своите автомобили и противпожарните возила не можат да интервенираат.
Во локализирање на пожарот помага и локалното население и Комуналното претпријатие „Проаква“.
Ново на Сител
-
Светските лидери пристигнуваат на идниот самит во рамките на Генералното собрание на ОН
-
Николовски: Цариниците ќе добијат 60 боди камери од САД
-
Пронајдена дрога при претрес во дом на 40 годишен жител на Штип
-
Почнува есента
-
Неверојатни сцени на Вембли - Дубоа го нокаутираше Џошуа | ВИДЕО
-
Трамп смета дека е предоцна за уште едно телевизиско соочување со Харис
-
Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени
-
Про-ирански групи во Ирак презедоа одговорност за напад со беспилотно летало врз Израел