Пет женски карактеристики кои момците не ги сакаат!

Со цел да докажат што точно момците ги одбива од девојките, една група американски социолози направила истражување во кое учествувале голем број момци кои биле испитувани за тоа што им се допаѓа кај жените.
Им биле покажувани и фотографии кои ги оценувале, а од целокупното истражување, социолозите пронашле пет универзални карактеристики кои на мажите им се најодбивни кај жените!
1. Нереални желби
Жените кои живеат во светот на соништата и гледаат на животот преку розови очила, на мажите им изгледаат детинесто. Секако дека е убаво да фантазирате за филмски бакнежи и романси, но сето тоа треба да се задржи во границите на нормала и да се разликува сон од јаве.
2. Критичност
Иако добронамерен совет е секогаш добредојден, премногу критизирање и негодување, никому не му одговара. Мажите се едногласни дека независни и силни жени им се многу попривлечни, но оние кои го користат зборот феминизам, за да ги критизикуваат сите кои не се како нив, едноставно им се многу одбивни.
3. Индиферентност
Постојаните барања и преголемите очекувања без разбирање, исто така се покажале како многу непривлечни карактеристики.
4. Неприродно однесување
Кога им покажале фотографии од неколку различни жени, момците биле едногласни – жените кои позирале без насмевка и со многу ладни изрази на лицето се многу одбивни, за разлика од оние кои искрено се насмеале.
5. Форсирање брак
Инсистирање на венчавка и одлука, многумина го нарекле застрашувачки и многу непосакувано.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
