Петков: Со посетата на 18 јануари покажуваме дека добрососедството е фундаментален принцип на нашите односи со Скопје
Премиерот на Бугарија Кирил Петков потврди дека на 18 јануари ќе ја посети Република Македонија, во одговор на седница за пратенички прашања во Народното собрание.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков го изјави тоа во одговор на прашање на поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
Петков рече дека добрососедството е многу важен принцип во односите меѓу Бугарија и Македонија. Тој додаде дека ставот на Бугарија за преговарачкиот процес со Република Македонија е зачуван токму онака како што е договорено во коалицискиот договор меѓу партиите во владејачката коалиција. Ставот е ист, вели тој, но владата во Софија го надградува со пет посебни различни комисии за надградба на овие односи.
Петков изрази чудење зошто во 2021 година немало ниту еден лет од Софија до Скопје, како и ниту една железничка линија. Тој праша и зошто Бугарија и Македонија немаат заеднички културен календар, како и зошто нема интеракција меѓу бизнис секторите на двете соседни земји.
Петков увери дека има апсолутно јасен заеднички став во коалицијата, како и целосна координација во Советот на министри на Бугарија на темата.
-Со одењето на разговори на 18 јануари покажуваме дека добрососедството е фундаментален принцип на нашите односи со Република Македонија. Се надевам дека нашата Влада ќе ја покаже разликата меѓу добрите планови и постигнатите резултати, рече во заклучокот бугарскиот премиер Кирил Петков во Народното собрание.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Годинава нема избори, таа е реформска и година на консолидација
-

ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ нема црвени линии
-

Македонски државјанин загина во сообраќајка во Хрватска
-

На Ѓурѓовден сакал да ја ограби црквата Свети Геогриј – завршил заглавен на ограда
-

Џон Малкович стана хрватски државјанин
-

Наскоро електронски ќе се издаваат потврдите за извоз на тутун и вино
-

Захарова: Подготвени сме за преговори за Украина, предупреди на провокации во Европа
-

МВР на „SAHA Expo 2026“: Потврдена стратешката соработка со турската полиција
