Петков в петок ќе реферира пред бугарското Собрание за резултатите од контактите со Скопје
Бугарскиот премиер Кирил Петков в петок ќе реферира пред пратениците во Собранието на Бугарија за резултатите од неговата посета на Скопје минатата недела, како и од средба на владите на двете земји што се одржа вчера во Софија.
Како што јави БГНЕС, реферирањето на Петков ќе се одржи на барање на најголемата опозициска партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и ќе биде прва точка на собраниското пленарно заседание закажано за в петок.
Петков и премиерот Димитар Ковачевски по вчерашната заедничка седница на двете влади оценија дека атмосферата на изразена политичка волја и духот на искреност и отвореност што преовладува на досегашните средби, водат кон заеднички прифатливи решенија за прашањата од интерес на Северна Македонија и Бугарија.
Двајцата премиери на заедничката прес-конференцијата по седницата порачаа дека добрососедството ќе биде на пиедестал и ќе се посветат на работи што беа заборавени последните години, потенцирајќи договорите што беа потпишани вчера имаат „еден краен резултат – економски развој на целиот регион“.
Тие оценија дека со заедничката седница на двете влади се поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните односи и се прави обид преку конкретни договори да се зајакне соработката меѓу Скопје и Софија и тоа да придонесе и за пронаоѓање компромис за спорните прашања.
Ново на Сител
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
