Петличковски: Потребно е да бидеме во зелена зона за да ги тргнеме сите рестриктивни мерки
Кога почнавме во новиот состав кажавме дека ќе ги следиме научните сознанија низ светот. Клучен исчекор е воведениот алгоритам за проценка, според кој епидемилиошкиот ризик го гледаме според болниците. Клучна е промената на хоспитализирани пациенти во измината недела која ни дава за право за мирен период. Соодветно на тоа одлучивме за ова мало олеснување во рестриктивните мерки, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски во гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител.
Според него, во моментов проценката за болниците е општа во сите возрасни групи.
-За тргнувањето на маските во основните училишта влијаеше и скринингот со брзите тестови. Има препорака од Европскиот центар за контрола на болести кој препорачува децата до 12 години да бидат без маски. Претпоставувам препораката ќе се шири и понатаму, додаде докторот.
Петличковски информира дека скринингот покажал дека училиштата се безбедна зона и нема неконтролирано ширење на болеста.
-Моментот ни дозволува мало олабавување, но тоа не значи дека епидемијата е на крај. Најавени се педијатриски вакцини од Фајзер. Препораката до сите, а особено и до родителите, за вакцинација е многу силна, тоа е наше најдобро оружје и најдобра превенција. Седум недели имаме по ред паѓање на сите параметри во однос на епидемијата. Не знаеме за следен бран, но добро е да имаме алгоритми и капацитети и избор во вакцини, појасни Петличковски и додаде:
-Доколку овој обид со основците помине добро, следни на ред ќе бидат средношколците, а понатаму и целата популација. Потребно е да бидеме во зелена зона за да ги тргнеме сите рестриктивни мерки.
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
-

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
