Петмина повредени, од нив двајца полициски службеници во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Куманово
Двајца полициски службеници и тројца кумановци се повредени во сообраќајна несреќа што е случи вчера пред 22 часот на „Нагорички сокак“ во Куманово, соопшти денеска полицијата.
Вчера во 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од деветнаесетгодишниот А.И.од липковското село Матејче, и патничко возило „шевролет спарк“ сопственост на МВР.
- Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во општа болница Куманово, соопшти полцијата.
Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.
Ново на Сител
-
По три дена мислење Пендаровски стави потпис на законите за „Бехтел и Енка“
-
Тема на денот со Џејсон Стејнхауер, извршен директор на Институтот за комуникација за историја во САД
-
Светските лидери му ја честитаа победата на Ердоган на претседателските избори
-
Кочов: Неопходно е да направиме пресвртница во работата на УКИМ, да покажеме дека сме научната ризница на Македонија
-
По три дена мислење Пендаровски стави потпис на законите за „Бехтел и Енка
-
Никој нема против лидерска средба, одржувањето ќе зависи од темите за кои ќе се разговара
-
Судски совет: Сомнежите на холандскиот амбасадор се неосновани
-
Се враќа дневната евтина тарифа, РКЕ ги чека барањата за да утврди дали ќе има промени во сметките за струја