Петнаесет години затвор за неготинецот што ја претепа партнерката и таа почина од повредите
– Петнаесет години затвор пресуди судот во Кавадарци, за неготинецот што ја претепа партнерката и таа почина од повредите.
– Основен суд Кавадарци известува дека на ден 22.11.2022 година по одржаната главна и усна расправа, обвинетиот П.Н. од Неготино за кривично дело Тешка телесна повреда по чл. 131 ст. 4 вв ст. 2 вв ст. 1 вв чл.12 ст. 2 од КЗ, а по дадено признание за вина, огласен е за виновен за настанот што се случи на 02.08.2022 година во Неготино, кадешто извршил семејно насилство, во кое оштетената Љ.Г. од здобиените тешки телесни повреди, почина на 06.08.2022 година, со тоа што од страна на судечкиот судија му е изречена казна затвор во траење од 15 години, којашто да биде извршена по правосилноста на пресудата, се вели во известувањето од Основен суд Кавадарци.
Ново на Сител
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност