Петровска: Младите се двигател на секое општество
Она што ние сакаме да го постигнеме со младите од нашата држава е не само анимирање и свесност за тоа што значи НАТО и кои се обврските кои произлегуваат од членството, туку да помогнеме да се вклучат во дијалогот за она што денеска е реалност на континентот и за влијанието на гео-политичките случувања врз безбедноста на секоја земја, рече министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
Како што информираат од Министерството за одбрана, непосредно пред почетокот на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана во Брисел, министерката Петровска се сретна со група на студенти од Северна Македонија кои како прво наградени од конкурсот за есеи престојуваат во студиска посета на седиштето на Алијансата.
На средбата, министерката порачала дека младите се двигател на секое општество и повикала на нивно активно учество во општествената дискусија и во Северна Македонија, и на ниво на Алијансата, на теми кои се од исклучително значење денеска – зацврстувањето на безбедноста, гарантирањето на сигурноста за секој граѓанин, одржувањето на демократијата и демократските вредности.
- Петровска изрази задоволство што студентите како автори на најдобро рангираните есеи на Конкурсот кој го организираше Министерството, на тема „Северна Македонија и НАТО во 2030-та“ покажаа дека размислуваат аналитички, дека се запознаени со новите глобални текови и дека имаат и интерес и желба да бидат лидери кои заедно со младите на светско ниво ќе работат за една попросперитетна иднина, велат од министерството за одбрана
Студентите од Северна Македонија во рамките на тродневната посетата на седиштето на НАТО во Брисел освен со министерката Петровска, денеска имаа средба и со амбасадорот на нашата држава во НАТО, Дане Талески, со помошничката на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Баиба Браже, како и со неколку програмски директори и политички офицери во Алијансата.
Тие, исто така, имаа можност во живо да присуствуваат на прес-конференција на Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија