Петрушевски: Власта ги заборави граѓаните од руралните средини, но казната ќе им пристигне на следните избори
Додека СДСМ бега и го игнорира народот, ВМРО-ДПМНЕ е на терен помеѓу народот и со народот, порача пратеникот Бране Петрушевски кој заедно со неговиот тим беше посетата на населените места Орашац и Клечовце во Куманово во рамките на акцијата на ВМРО-ДПМНЕ за посета на населени места и средби со граѓани.
Тој посочи дека овие населени места, кои некогаш беа и сопствени општини, како и жителите се целосно заборавени од власта во кои со години нема нити една инвестиција.
„Некогаш сопствени општини, денеска тотално заборавени од властите во Република Македонија. Овие луѓе, овие жители на овие населени места не виделе нова инвестиција со години, па можеби и со децении. Се жалат на сериозни проблеми и во бирократските процедури во министерствата, меѓутоа и од инфраструктурен карактер и се чувствуваат тотално отцепени“, посочи Петрушевски.
Додаде дека, ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ја пишува новата програма која што ќе ја спроведува идната влада која ќе ги решава проблемите на граѓаните.
„Ја пишуваме заедно со граѓаните, затоа што сакаме да ги слушнеме нивните проблеми и затоа што сакаме да ги решиме нивните проблеми. Ние работиме за граѓаните, а не работиме за интерес на некој други центри на моќ“, рече Петрушевски.
Ново на Сител
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
-

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори
-

Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син кај Сарај
-

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите
-

28-годишен тетовец ги пријавил баба му и дедо му дека му украле 3,5 милиони денари
-

Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција
