-->
-->
Петти техно-фестивал Гринфест во Штип
-->

На 15 октомври во фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи петтиот техно-фестивал Гринфест (Greenfest) на кој главен гостин е најавен диџеј Шадед.
Како што соопшти портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов, покрај гости од Македонија се очекуваат и гости од Косово. Цената на влезниот билет е 100 денари, а на местото на настанот 150 денари.
Гринфест е прогласен за најдобар македонски техно-фестивал, а организаторите неодамна добија признание и од Министерството за култура и Општина Штип за збогатувањето на музичката сцена во Штип.
Организаторите најавија дека подготвуваат изненадувања кои ќе бидат објавени на самиот ден на фестивалот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимално најниски цени
-

Мицкоски: Блиску сме до конечно решение за Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда, очекуваме повторно да ја потврдиме позицијата дека сме први
-

Албанскиот лек со рекордно највисока вредност во однос на еврото
-

Пораст на бројот на посетители и на приходите од туризмот во Грција во првите четири месеци од годинава
-

MВР: Во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, возачот управувал без возачка дозвола
-

Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат, типот Брент веќе е под 77 долари за барел
-

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
-

Атлетико сака да ја тужи Барселона поради Алварез
