-->
-->
Пингпонгарката Стајковска не ја помина групната фаза на Контендерот во Австрија
-->
Пингпонгарска федерација на Македонија продолжува со учество на младинските светски Контендери. Прв за оваа година е Контендер во Линц-Австрија, каде боите на репрезентацијата на Македонија ги бранеше Моника Стајковска од клубот ППК Зегин Берово, соопштија од федерацијата.
Стајковска викендот играше во две категории во У13, и во У15, но не успеа да ги добие мечевите во групите и не успеа да се пласира на главната табела.
ПФМ ја претставуваше и Ангелина Иванова која беше дел од судиите на Контендер Линц 2023.
Потпретседателот Рикалоски го искористи присуството да разговара со одговорните лица на овие Контендери, за да се отпочнат подготовките за Стар Контендер Македонија 2023 во Скопје, во септември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
