-->
-->
Пинки од филмот „Ране“ никогаш не стигна да ги оствари своите сништа
-->
Момчето што го толкуваше ликот на Пинки во филмот „Ране“ никогаш не стигна да ги оствари своите сништа и да стане професионален актер. Душан Пекиќ, едно од момчињата што тинејџерските години ги поминаа во „темниот“ Белград во доцните деведесеттти години на минатиот век, починал на само 19 години.
Пекиќ умрел пред 15 години во Краљево, за време на служење на воениот рок. Причината за смртта никаде не била официјално соопштена, а било наведено само дека починал во сон. Јавноста веднаш се посмнева дека е во прашање предозирање, пријателите, пак, се сомневаа дека Пекиќ е задушен, но до денес не се дозна вистината за неговата смрт.
Имено, Душан во филмот „Ране“ се нашол сосема случајно, откако продуцентите го забележале во белградската населба Земун и го повикале на аудиција. Беше „обично момче“ во едно погрешно време и во една погрешна земја. Гостување во Атина било негово прво патување во животот на кое заминал со екипата од „Ране“, а неговиот филмски колега Шваба подоцна раскажуваше дека тогаш тие двајца за првпат во животот се опијаниле и првпат биле на летување.
Не го сакал училиштето, но имал силна желба се запише на Академија бидејќи, како што велел таму „можел да работи на својата личност и да создаде иднина далеку од криминалот и од бедата“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости