-->
-->
Пипан: Дадовме се од себе
-->

Тренерот на македонскиот кошаркарски шампион Алеш Пипан беше задоволен од третата победа во низа што МЗТ Скопје Аеродром ја забележа вчеравечер во АБА лигата. Тој го нагласи силниот ритам на натпревари што го имаат неговите избраници.
- Дадовме се од себе и со последните атоми енергија победивме. Темпото е жестоко, имаме десет играчи и немаме време ниту за одмор ниту за поконкретен тренинг. Играчите се целосно исцрпени, а тоа го намалува квалитетот на натпреварите, но видовте дека борбеноста не изостанува. Имавме сигурно водство на крајот, но по сопствени грешки ѝ дозволивме на Цибона да се врати во игра. Оваа победа ни дава голема самодоверба и енергија за идните средби, изјави Пипан на прес-конференцијата по натпреварот со Цибона.
Еден од најзаслужните за победата на аеродромци беше Марко Луковиќ со 13 постигнати поени.
- Им честитам на моите соиграчи на победата. Тежок натпревар за двете екипи Како што знаете од самиот почеток на сезоната имаме доста проблеми со повредите, а играме два натпревари неделно. Најважно е што победивме и што го сочувавме домашниот терен, рече Луковиќ.
Кошаркарите на МЗТ Скопје со тесен резултат 69:68 ја остварија четвртата победа во АБА.
Следен предизвик им е Крка в сабота во Ново Место, а претходно, в среда МЗТ Скопје ги продолжува настапи во македонскиот шампионат против Кожув на домашен терен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тројцата осомничени за загадувањето на водата во Гостивар изведени пред судија | ВИДЕО
-

Николовски: Годинава откриени се 12 случаи на шверц со над 27.000 парчиња лекови и медицинска опрема
-

До 13 часот регистрирани шест пожари на отворен простор, активен е еден, а четири се под контрола
-

Царинска управа најави засилени контроли на пловните објекти на Охридското Езеро
-

Сиљановска Давкова: Посетата на претседателката Друпади Мурму е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката со Индија
-

Археолошко богатство старо 2.300 години кај Младо Нагоричане сведочи за развиеното македонско кралство
-

Најчесто користени пин-кодови кои се цел на хакерите
-

УХМР: Нестабилно време до петок, локално можно невреме со град
