Питон од пет метри проголтал жена во Индонезија

Питон долг пет метри уби 45-годишна жена додека се враќала од својата градина во индонезиската провинција Јужен Сулавеси, објавија локалните медиуми.
Мајката на четири деца живеела со своето семејство во областа Сиденренг Рапанг, а во четвртокот му кажала на својот сопруг дека оди на локалниот пазар во Калемпанг бидејќи купувачот ќе дојде да му продаде чили.
Но, бидејќи поминало долго време откако таа заминала од дома, нејзиниот сопруг и роднините почнале да ја бараат.
Следното утро, во близина на градината мештаните здогледале огромен питон, па навикнати на присуство на огромни предатори во близина на нивните домови и плашејќи се од најлошото, му го отворија стомакот на питонот.
Нивните стравови се оствариле. Телото на несреќната жена било пронајдено во стомакот на змијата.
Се чини дека питонот ја каснал нејзината нога пред да ја завитка и прво да ја задуши, а потоа да ја проголта.
Ново на Сител
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
