Пјонгјанг: Воените вежби на САД и Јужна Кореја водат кон нуклеарна војна
Во севернокорејските државни медиуми САД и Јужна Кореја се обвинуваат за ескалација на тензиите до раб на нуклеарна војна и Пјонгјанг најави одговор со „офанзивна акција“.
– Непромислената воена конфронтирачка хистерија на САД и нивните следбеници против Демократска Народна Република Кореја ја доведува ситуацијата на Корејскиот Полуостров до неповратна катастрофа … на работ на нуклеарна војна, наведуваат севернокорејските медиуми.
Реакцијата на Пјонгјанг уследи по заедничките воени вежби на американската и јужнокорејската армија, што почнаа во март, во кои учествуваат и американски носач на авиони и бомбардери Б-1Б и Б-52.
За Пјонгјанг воените вежби се „проба за инвазија“ и ја засили својата воена активност изминатите недели. Северна Кореја минатиот месец истрела интерконтинентална балистичка ракета способна да ги погоди САД, нарекувајќи го одговор на сојузничките вежби.
Ново на Сител
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
