Пју: Бројот на иселеници зголемен за 41 отсто за последните 15 години

Истражувачкиот центар Пју (Pew) објави податоци за бројот на жители кои живеат надвор од своите матични држави.
Податоците се засновани на извештајот на ОН за миграција за 2015 година, објави Ал џезира Балкан.
Според извештајот, бројот на мигранти во 2015 година пораснал за 41 отсто во однос на 2000 година, односно за 244 милиони лица, а меѓу нив биле 20 милиони бегалци.
Речиси половина од мигрантите доаѓаат од Азија, а крајната дестинација за повеќето од нив е Европа.
Околу 76 милиони, односно две третини од меѓународните мигранти во 2015 година пристигнале во Европа.
Кога станува збор за земјите поединечно, најголем број мигранти, 47 милиони заминале во САД, потоа Германија и Русија каде се населиле по 12 милиони луѓе.
Од земјите во регионот, најголем број на луѓе се иселиле од Босна и Херцеговина. Минатата година, 1.650.000 лица родени во БиХ живееле надвор од матичната земја.
Албанија е на второ место со 1.120.000 иселеници.
Надвор од матичната земја живеат 960.000 Срби, 870.000 жители на Хрватска, 520.000 Македонци и 140.000 лица родени во Црна Гора.
Мигрантите, минатата година сочинуваа 3,3 отсто од светската популација, малку повеќе од пред 15 години, кога беа вкупно 2,8 отсто.
Бројот на мигранти сепак расте побрзо отколку светската популација, што може да има значајни последици за многу региони.
Во извештајот на ОН се наведува дека бројот на жители од Европа од 2000 година би опаднал да не се случеше приливот на мигранти.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
