-->
-->
Планинарски марш до врвот Огражден
-->
На падините на планината Огражден, група планинари од повеќе градови во Македонија, реализираа планинарски марш до врвот Огражденец. Организатор на маршот беше ПСК „Сосна“, огранок на Планинарскиот-спортски клуб „Голак” од Делчево, кој го потпомогна организирањето на маршот. Претседателот на клубот, Љупчо Чучуковски, информираше дека се работи за прв официјален планинарски марш до врвот Огражденец.
-Во текот на вчерашниот ден го реализиравме првиот планинарски марш за искачување на врв Огражденец кој се наоѓа на 1746 метри надморска висина и е највисок на планината Огражден, воедно и највисок во Општина Берово. Патеката беше долга 9.5 км во еден правец, а започна од село Двориште на 903 метри надморска висина, потоа поминавме покрај месноста Шаренкова Колиба на 1190 метри надморска висина и месноста Сува Воденица, се до врвот Огражденец на на планината Огражден (Општина Берово), информира Чучуковски.
На маршот како што додава, учествувале планинари од Делчево, Берово, Виница и Гевгелија.
-Овие планинари за прв пат имаа можност да пешачат и да се искачуваат по патека која неодамна ја обележавме со соодветна сигнализација. На крај планинарскиот марш го завршивме со заеднички ручек во дворот на црквата Пресвета Богородица во село Двориште, додаде Чучуковски.
Целта на планинарите е маршот да стане традиционален, а понатаму со учество на планинари од соседните земји да добие и Меѓународен карактер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
