Планирале свадба во септември, но автомобил ги покоси во Бечиќи: Снежана кратко се разбуди од кома и праша за вереникот, кој не го преживеа ударот

Снежана Рудинац, која е тешко повредена во сообраќајна несреќа во средината на јули во Бечиќи во која загина нејзиниот вереник Милош Вукомановиќ, само за момент дошла на свест и прашала за момчето, по што повторно паднала во длабока кома.

Ова го раскажа Снежана Вукомановиќ, мајка на несреќното момче, наведувајќи дека лекарите од блеградската ВМА и натаму се борат за животот на девојката која со нејзиниот син планирала во септември да ја озакони шестгодишната врска.
Девојката е во шок соба примена со тешки повреди на главата, потколеницата, надколеницата и трупот. Нагмечување на градниот кош кое претставувала најголем проблем, поради која девојката е на кислород и не може да комуницара. Снежана во болница редовно ја посетуваат нејзините родители.

Инаку, на 17 јули во тешка сообраќајна несреча на булеварот во Бечиќи, Снежана и Милош, кои како сезони работници работеле во еден хотел, преминувале улоца кога ги покосил автомобил кој се движел од правец на Будва, со кој управувала Е.А.
Верениците се обидувале да преминат улица на местото каде некогаш имало пешачки премин, а кој како што објаснија од Општина Будва, повеќе не е во функција. Милош Вукомановиќ од здобиените повреди починал на самото место.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
