Планот за крводарување во Кочани реализиран со 95 отсто

Општинската организација на Црвен крст од Кочани денеска ја реализираше првата крводарителска акција за годинава, во која во просториите на Црвениот крст во Кчани крв даруваа 26 крводарители.
Годинава, според планот, се очекува да бидат реализирани 24 крводарителски акции во Кочани и урбаните населени места во Кочанско и во Зрновци и Чершиново Облешево.
- За годинава планираме да собереме 1.462 крвни единици и сметам дека со организирани активности преку целата годинапланот ќе го оствариме во целост, изјави Анета Коцева, секретар на Општинскиот Црвен крст од Кочани.
Минатата година,нагласи, планот за доброволно крводарување нашата општинска организација го реализираше со 95 отсто, што е во рамките на очекувањата.
- Собрани се вкупно 1.291 единица крв во дваесетина акции. Годинава ќе организираме и неколку вонредни акции со што сметам дека ќе го реализираме планот, посочи Коцева.
Наредните две крводарителски акции, додаде, ќе бидат реализирани во февруари на терен и во просториите на Општинскиот Црвен крст, последниот четврток од месецот
Ново на Сител
-

Највисоката плата лани: 190.000 евра бруто месечно
-

Рубио: Украина не би постоела без поддршката од САД
-

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време
-

28 сигнални пиштоли пронајдени при претрес на 63-годишен кумановец
-

Кај 25-годишник од струмичко пронајдена тегла и кеса со марихуана
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со вкрстено испитување на вештакот на одбраната Русески
-

Во недела започнува зимското сметање на времето - Часовниците се враќаат еден час наназад
-

Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни
