Пленковиќ: Вакцинацијата во Хрватска нема да биде задолжителна
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ синоќа нагласи дека вакцинацијата во државата нема да биде задолжителна.
Тој рече дека Хрватска е туристичка земја и дека гостите можат да бидат сигурни дека нема да се заразат таму, затоа вакцинацијата е важна, објави хрватскиот дневен весник „Јутарњи лист“.
„По објавувањето од Владата, се зголеми бројот на вакцинирани со првата доза и разговорите што ги водиме со нашите социјални партнери ќе продолжат оваа недела. Кога ќе има поголем степен на согласност, ќе ви кажам како напредуваме“, изјави тој како коментар на условувањето на мерките за поддршка со ковид-потврди.
Новинарите го прашаа Пленковиќ дали тој сегмент го вклучува јавниот сектор и го спомнаа случајот со Министерството за здравство каде беа вакцинирани помалку од 35 проценти од вработените.
„Мислам дека тие собраа податоци од сите оддели. Постојат оддели каде ситуацијата е подобра. Што се однесува до оваа тема, тука е прашањето за мерки за поддршка и динамизирање на процесот на вакцинација, ова се две различни работи“.
Ново на Сител
-

Лебот и пецивата под притисок за поскапување
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
