-->
-->
Плишкова ги „чека“ другите полуфиналистки
-->

Чешката тенисерка Каролина Плишкова прва успеа да избори пласман во полуфиналето на „ВТА финалето“ што се игра во Сингапур за награден фонд од 7 милиони долари. Таа во вториот меч од денешната програма ја победи Шпанката Гарбине Мугуруза со 2-0 во сетови (6:2 и 6:2 во гемови) за 62 минути. За Плишкова ова беше втора победа во „белата група“.
Во првиот „маратонски“ меч по 3 часа и 13 минути игра Американката Венус Вилијамс ја победи Јелена Остапенко од Летонија со 2-1 во сетови (7:5; 6:7 и 7:5 во гемови).
На табелата Плишкова има скор 2-0 (победи-порази), Мугуруза 1-1, Вилијамс 1-1, а Остапенко 0-2. Во мечот од третото коло Мугируза - Вилијамс ќе решат која покрај Плишкова ќе биде во полуфиналето.
Утре се играат мечевите од 2.коло од „црвената група“. Во првиот меч ќе играат тенисерките кои имаат по една победа Симона халеп против Каролине Возниацки, а во вториот меч ќе играат поразените од првото коло: Елина Свитолина против Каролине Гарсија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
