Македонија
11. July 2024 - 16:37

По 15 години чекање, позитивната листа конечно ќе добие нови лекови

Терапија за висок крвен притисок, за деменција, антидепресиви... Конечно, после 15 години Позитивната листа ќе биде ревидирана со девет нови лекови, најави министерот за здравство кој веќе ја испратил на одобрување во Фондот за здравствено осигурување. Пред официјално да добие зелено светло, треба да ја изгласа Управниот одбор чии членови ќе бидат изберени на владината седница во вторник. 

-Се надевам нема да има голема финансиска импликација, Повеќе министри кажале, но јас како што кажав на почетокот ќе ми требаат две до три недели да помине, Уште во понеделник е испратена во Фондот, разговарано е со директорот, вели Арбен Таравари, министер за здравство. 

Пациенти плаќаат за лекови од свој џеб и често ги набавуваат во странство бидејќи во земјата не се достапни. Повеќе од деценија и пол повеќе министри беа убедени дека ќе има ревидирање на листата, но освен ветувања и формирање на комисии, граѓаните не почуствуваа бенефит. 

-Ова е почеток. Значи, министерството за здравство се обврзува минимум два пати годишно да ја надополни позитивната листа со нови други лекови за лекување на различни болести, вели Таравари. 

Освен 9-те нови лекови, Таравари најави до крајот на годината уште едно ревидирање на Позитивната листа.