По американското тестирање ракета, Путин го свика рускиот Совет за безбедност

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со постојаните членови на Советот за безбедност за одговорот на нуклеарните вежби на САД и ја оцени ситуацијата околу најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за продолжување на нуклеарните тестови како сериозно прашање.
Рускиот претседател додаде дека Советот за безбедност ги анализирал изјавите дадени во владејачките кругови на САД, пренесуваар руските медиуми.
Путин, исто така, изјави дека Москва ќе биде принудена да преземе соодветни мерки доколку потписниците на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови одлучат да спроведат нуклеарни тестови.
Истовремено, тој нагласи дека Русија нема намера да се повлече од овој договор.
Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, испрати телеграма во врска со разјаснувањето на изјавите на Трамп за нуклеарните тестови.
Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, изјави дека пратениците се загрижени поради изјавите на Трамп за продолжување на американските тестирања на нуклеарно оружје.
Американската врховна команда за глобален удар тестираше лансирање на невооружената интерконтинентална балистичка ракета „Минутмен III“ од воздухопловната база „Ванденберг“ во Калифорнија порано денес.
Тестот, означен како GT 254, имаше за цел да ја потврди сигурноста, оперативната подготвеност и точноста на системот за интерконтинентални балистички ракети (ICBM), кој е клучен елемент на националната одбрана на САД, според официјалното соопштение од воената база „Ванденберг“.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен маж кој демнел и се заканувал на сопругата со која се во бракоразводна постапка
-

21-годишен мотоциклист тешко повреден откако удрил во карпа
-

Прегазена 52-годишна жена од Скопје
-

Британскиот министер за Северна Ирска, Хилари Бен, тврди дека немирите во Белфаст се расистичко насилство
-

Преземени мерки за справување со пожарите, воздухопловите и возилата сервисирани навреме, вели Мицкоски
-

Останува проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти, десетици заинтересирани компании за дата центри
-

Ристовски: Од некогашна руина направивме солиден спортски храм
-

Турците, Германците, Србите и Французите најбројни странски туристи во земјава
