По апсењето на Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа
Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, во Тирана, Ненси Ван Хорн, само ден по апсењето на Илир Мета, денеска имала средба со министерот за внатрешни работи, Ервин Хоџа.
-Средбата не траеше повеќе од 20 минути. Причината за оваа посета сè уште не е позната, но ваквата средба се случува ден по апсењето на поранешниот претседател, моментално прв човек на Партијата на слободата, Илир Мета по налог на СПАК. Пред неговото апсење Ван Хорн се сретна со главниот специјален обвинител на СПАК, Алтин Думани, со кого средбата траеше околу еден час, наведува Report Tv.
Преку соопштение во апликацијата X, американската амбасада соопшти дека Ван Хорн ги „пофалила достигнувањата на СПАК во успешното гонење на корупцијата и организираниот криминал на највисоките нивоа“.
Мета, кој моментно е во затвроски притвор, според важечките законски одредби, во рок од 72 часа, треба да излезе пред судот за определување безбедносна мерка. За делата за кои се товари може да добие затворска казна во траење од 15 години и заплена на имот.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола